Стартап компанијата Astra остана без ракетата, што прв пат проба да го лансира своето летало.
Лансирањето на Аљаска помина без проблеми, но системот на навигација на ракетата наиде на проблем, што предизвика ракетата да сврти од планираната патека. Сигурносниот систем на ракетата потоа ги изгасило моторите, по што леталото кое не носело никаков товар, паднало на тлото.
Неколку љубопитници ги набљудувале и снимиле настанот, а видеото од неуспешниот лет што ја вклучува и големата експлозија, се појави на социјалната мрежа Twitter.
— Jennifer Culton (@CultonJennifer) September 12, 2020
Од компанијата тврдат дека летот не го вклучувал излегувањето на ракетата во Земјината орбита, и дека леталото, освен проблемите, прикажало добри резултати.
„Не постигнавме се што сакавме, но сега имаме вредно искуство и уште повредни податоци од летот. Овој обид ни помогна во достигнување на орбитата која сакаме да ја посетиме“, истакнаото е од компанијата Astra.
Astra е исклучително мала компанија, а системот на лансирање што го користеле го осмислиле само шест луѓе за помалку од седум дена. Следниот обид за лансирање е планиран за неколку месеци.