Honor официјално го претстави новиот смартфон од средниот сегмент, кој дебитираше на пазарот во Русија, а во прашање е Honor 30i. Ова ќе биде најдостапниот модел во рамките на Honor 30 серијата.
Honor 30i користи 6.3-инчен OLED дисплеј, со FHD+ резолуција и сензор за отпечатоци од прсти во екранот. Уредот има стандарден засек во кој е сместена 16 MP селфи камера.
На задната страна на телефонот се наоѓаат три камери и LED блиц. Системот на камери го сочинуваат 48MP главен сензор (f/1.8), 8MP ултраширок и 2MP сензор за длабочина.
Целиот систем го покренува Kirin 710F чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 128GB простор за складирање податоци, проширлив преку NM картичка. Сето ова го напојува батерија од 4000mAh, додека корисничкиот интерфејс Magic UI 3.1 е заснован на Androidu 10 (AOSP верзија).
Honor 30i на пазарот во Русија чини околу 200 евра, за единствениот модел со 4GB RAM и 128GB простор за складирање.
Поврзани артикли