Претходно веќе се појавуваа информации за тоа дека Apple би можел да почне со работа на флексибилен iPhone, а ова вклучува и патенти за ваков уред. Сега дојавувачот Ice Universe откри дека Apple од Samsung нарачал извесна количина флексибилни дисплеи, што укажува на тоа дека Apple навистина работи на сопствен свитлив телефон.
Според наводите на изворот, Apple нарачал од Samsung флексибилни дисплеи на пробен период, а екраните би требало да бидат примероци што ќе се користат на мобилни телефони. Samsung би требало да му ги нуди овие панели на Apple во период од една година.
Samsung во текот на минатата година им испрати примероци на флексибилни дисплеи на бројни свои партнери и производители на смартфони и таблет уреди, со надеж дека би можел да ги заинтересира да произведуваат флексибилни уреди. Изгледа дека Apple, според наводите на Ice Universe, ги тестирал овие пробни дисплеи и одлучил да се поигра со идејата на креирање на флексибилен iPhone.
Неколку извештаи сугерираат дека Apple би можел да претстави флексибилен iPhone веќе во текот на следната година.