Завршните клинички истражувања на вакцината против коронавирусот, која ја развиле „АстраЗенека” и Универзитетот Оксфорд, се сопрени откако учесник во истражувањата имал несакана реакција. Иако фармацевтските компании не соопштиле детали за негативната реакција која ја развил еден од вакцинираните доброволци, во меѓувреме се појавиле информации дека тој добил трансферзален миелитис, односно воспаление на рбетен мозок.
„АстраЗенека” го опишала прекинот како „рутински”, а болеста како необјаснива. Меѓутоа, New York Times пренесува дека кај доброволец во британската група на доброволци се појавила болест која го напаѓа рбетниот мозок и која може да биде резултат на вирусна инфекција или разгорување на некоја автоимуна болест.
Оваа болест подразбира комплетен попречен пресек на рбетниот мозок кој спречува комуникација меѓу мозокот и телото под новото на воспалението. Симптомите се јавуваат само во делот на телото под линијата на воспалението и се однесуваат на отежнато движење и сензорни проблеми.
Тајмингот на дијагнозата, како и тоа дека таа е поврзана со примената вакцина, и натаму е непознат. Независната истрага ќе утврди дали болеста е последица на реакција на вакцината.
По успешните прва и втора фаза на испитувањето кои ги поминала оксфордската вакцина, биле засилени надежите дека таа би можела да биде една од првите на пазарот. Третата фаза на испитувањето започнала пред неколку недели и опфаќа околу 30.000 испитаници во САД, Британија, Бразил, Јужна Африка и Индија. Во третата фаза од испитувањето се потврдува ефикасноста на вакцината и нејзината безбедност.
BBC наведува дека ова е втор пат испитувањето на оксфордската вакцина да биде прекинато од април, кога почнало нејзиното тестирање на луѓе. Конечното одобрение за продолжување на испитувањето ќе го донесе надлежен здравствен регулатор и таа постапка ќе трае неколку дена, но до тогаш сите вакцинации во сите земји кои учествуваат во тестирањето ќе бидат привремено прекинати.
Извор: Blic.rs
Поврзани артикли