Во август 2019. година Huawei најави дека го развил својот оперативен систем Harmony. Многумина тогаш мислеа дека со тој систем кинескиот гигант ќе го замени Android на своите телефони, но се испостави дека не е така.
Извршниот директор на компанијата, Ричард Ју соопшти дека Harmony е базиран на микрокернел, така што е можно да се користи на широк спектар на уреди, како паметни звучници, часовници, компјутери, автомобили и часовници. Huawei исто така објави дека Harmony OS ќе може да работи на уредите што имаат мала количина на RAM меморија, како и оние кои имаат стотина гигабајти интерна меморија. Засега HarmonyOS е достапен само на телевизорите.
Според сајтот MyFixGuide, Ричард Ју изјави дека Huawei во 2021. година ќе ги испорача првите уреди што работат на HarmonyOS. Со оваа објава најавена е и следната верзија на Harmony OS за 10. септември, во текот на конференцијата 2020 HDC Developers Conference. Во таа прилика компанијата ќе претстави повеќе различни уреди што ќе работат на овој оперативен систем, а меѓу нив ќе има и паметни часовници.
Поврзани артикли