LG потврди дека претстојниот телефон на компанијата ќе го носи името LG Wing и дека ќе биде претставен на 14. септевмри. Уредот ќе има два екранa, во ротирачка форма, а неодамнешното тизер видео укажува на лизгачки механизам што го ротира екранот во „Т“ облик.
Покрај ротирачки дисплеј, досегашните извештаи за LG Wing сугерираа дека телефонот ќе има поддршка за 5G, систем со три камери на задната страна со 64MP главен сензор, како и дека ќе користи чипсет од Snapdragon 7 серијата.
Уредот ќе биде прв модел на lg објавен во рамките на Explorer Project мобилната категорија, за која компанијата истакнува дека е насочена кон откривање на нови начини на интеракција со мобилните уреди.
LG истакнува дека Wing ќе имплементира поинаков формат и ќе понуди мобилно искуство што е невозможно да се креира со конвенционалните смартфони.