Потребен е најдлабок можен звук, со кратко ехо по затворањето на вратата
Една од неверојатните и малку познати области во автомобилската индустрија е дизајнот на звукот при затворање на вратите, а интересен текст за ова објави магазинот MEL.
„Една од првите работи кои клиентот ги забележува на автомобилот во изложбен салон е звукот на затворање на вратите. Тој звук потсвесно зборува за квалитетот на возилото – објаснува Џонатан Бергер, професор по музика во Стенфорд, САД.
Што се бара? По можност колку што е можно подлабок звук, со кратко ехо по затворањето на вратата. На таков звук работат специјални инженерски тимови, а секој производител на автомобили има такви. Се користат специјални гумени облоги и пени, а исто така е потребно и специјално подесување на самата брава, односно механизмот за затворање на вратите. Во шуплината на вратата се вградуваат специјални придушувачи, кои исто така го дефинираат квалитетот на акустичната атмосфера.
Конечно, при затворање на вратата, клиентот има чувство на тежина и квалитет. Тоа е всушност прилично сложена манипулација со вашите сетила. Некои производители како Lexus, дури имаат и видеа за тоа…
Поврзани артикли