Apple објави дека ќе ги направи двата најголеми ветропарка на светот, во Есбјерг, Данска, а се во цел на инвестирање во обновлива енергија.

Apple соопшти дека 200 м високите турбини би требало да произведуваат 62 Gw/h енергија секоја година, што според соопштението на оваа компанија е доволно да напојува речиси 20.000 домови. Тие ветропаркови ќе послужат и како експериментален полигон за ветротурбини на иднината.

Струјата која ќе се произведува во Есбјерг е наменета за центарот за податоци на Apple во Виборг на северозападот на Данска. Со помош на тој дата центар, функционираат App Store, Apple Music, iMessage, Siri и други сервиси во Европа. Минатиот месец, Apple објави дека сака да стане компанија што во работата на своите центри не ја користи карбонската енергија до 2030. година, а инвестицијата во ветротурбини би требало да и помогне на компанијата на тој пат.