Sony работи на втората генерација на телефонот Xperia 5 што би требало да го носи името Xperia 5 II, a големиот број на информации за уредот ги објави познатиот дојавувач Evan Blass (@evleaks).
Sony Xperia 5 II ќе користи 6.1-инчен дисплеј со сооднос 21:9 на страните и ќе има стапка на осветлување на екранот од 120Hz. Рамките околу екранот се исклучително тенки, додека Sony успеа да ги задржи своите препознатливи рамки на горниот и долниот дел. Тоа значи дека нема да има необични исечоци и отвори во екранот за селфи камерата и придружните сензори.
Во однос на камерите, Sony избра троен систем на задната страна, креиран во соработка со ZEISS Optics. Главната камера има 12MP сензор со f/1.7 oтвор на блендата и 24mm oбјектив. Телефото и ултрашироката камера, исто така, имаат по 12MP. Телефонот ќе има можност за снимање на 120fps видеа во 4K HDR.
Што се однесува до внатрешниот хардвер, телефонот ќе го користи чипсетот Qualcomm Snapdragon 865 со 8GB RAM и 128GB простор за складирање, а се очекува и поддршка за проширување преку microSD картичка.
За софтверската поддршка ќе биде задолжен Android 10, со минимално прилагодување на корисничкиот интерфејс. Телефонот ќе има и стерео звучници и 3.5mm приклучок. Сето тоа ќе се напојува со батерија од 4000mAh.
Sony потврди дека Xperia 5 II ќе биде претставен на 17. септември, додека во продажба може да се очекува во текот на октомври.
Извор: Benchmark.rs
Поврзани артикли