Компанијата SpaceX успешно изведе второ тестирање на прототипот за ракетата Starship.
Прототипот достигна висина од 150 метри на тест-лансирањето во Бока Чика, Тексас. Ова беше втор успешен тест во изминатиот месец.
SpaceX на 4 август изведе малку поинаков скок на прототипот SN5 Starship. Овојпат огромната структура од нерѓосувачки челик се подигна од лансирната рампа и зад себе остави огромни облаци бел чад, а откако достигна висина од 150 метри, следуваше спуштање на тлото.
Овие тестирања се клучни за иднината на Starship бидејќи претставуваат специфични технички достигнувања. Тестирани беа комплексни системи на цевките на резервоарот за гориво, како и ракетниот мотор.
Исто така, беше тестиран системот за контрола на притисокот на моторот Raptor за време на летот.