Претходните бенчмарк резултати открија дека Redmi Note 10 ќе го покренува Dimensity 820 чипсетот. Дојавувачот Digital Chat Station сега тоа и го потврдува, додавајќи дека во подготовка е уште еден Redmi уред што ќе го користи Dimensity 720 чипот. Се очекува дека ова ќе биде првиот Redmi Note смартфон со 5G конекција.

Можно е дека другиот уред ќе биде објавен како Redmi 10, но останува тоа и да се потврди, или би можеле да ги видиме Note 10 и Note 10 Pro во зависност од одлуката на одделението за маркетинг на Redmi брендот.

Веќе постои Redmi теелфон што користи Dimensity 820, а во прашање е Redmi 10X 5G, но моделот е ексклузивно достапен само во Кина. Уредите што ги користат Dimensity 820 и 720 чиповите би можеле да станат достапни глобално и да бидат мешу првите модели со Dimensity чипсет.

MediaTek во август ги најави плановите Dimensity чиповите да ги пласира на глобалните пазари во текот на третото тримесејчје оваа година. Изгледа дека телефоните како што е Redmi Note 10 би можеле да ја предводат оваа иницијатива.