Поминаа само пет месеци откако Samsung го претстави Galaxy Book Flex 2-во-1 лаптопот, а компанијата е веќе подготвена за негова надградба. Ќе биде објавен модел кој ги вклучува најновите процесори на Intel од 11. генерација и поддржува 5G i WiFi 6.
Samsung истакнува дека Galaxy Book Flex 5G ги исполнува барањата на Intel Evo иницијативата. Ова вклучува автоматско будење на лаптопот и барем девет часа траење на батеријата на лаптопите со 1080p екрани.
Ова е прв лаптоп на Samsung со 13MP камера на задната страна, а тука е и 720p камера од предната страна, за конференциски повици. Вградениот S-Pen е можно да се користи на 13,3-инчниот Full HD екран. Батеријата е со капацитет 69.7Wh.
Samsung засега не ја објави цената и достапноста на новите Galaxy Book Flex 5G лаптопи на пазарот.
Поврзани артикли