Intel минатиот месец овозможи подетален увид на својата претстојна 11. генерација Tiger Lake процесори, а компанијата сега претстави нови чипови, што подоцна во текот на годината се очекуваат во тенките и лесни лаптопи. Покрај тоа, Intel ја најави и „Intel Evo“, втората верзија на иницијативата од следната генерација, попозната како Project Athena.
Intel Evo претставува своевидна Intel ultrabook иницијатива. Проектот ќе овозможи сертификуваните уреди да го користат хардверот од 11. генерација, да се разбудат од „sleep“ фазата за помалку од секунда, да понудат барем девет часа реална работа на батеријата на 1080p екрани, да поддржуваат брзо полнење и друго.
Кога се во прашање Intel Tiger Lake чиповите, тие пристигнуваат во два пакета: еден со термален профил од 12 до 28 вати и другиот со профил од 17-24 часа. Тоа на креаторите на PC системите им дава флексибилност да користат нови процесори во големиот спектар хардверски дизајни.
Најбрзиот Tiger Lake процесор ќе биде четиријадрениот Core i7-1185G7, кој ќе има Intel Xe графика и брзини на такт помеѓу 3GHz и 4.8GHz. Тука е и i7-1160G7 модел со Iris Xe GPU и работен такт помеѓу 1.2GHz и 4.4GHz.
Се очекува дека новите процесори ќе обезбедат повеќе од 20 проценти подобрување на брзината на CPU, како и графика која е двојно побрза од онаа на Ice Lake чиповите. Иако Xe графиката нема да биде замена за вистинските фанови на гејмингот, Intel прикажа некои импресивни перформанси кои одат до 55FPS во Gears Tactics со 11. генерација процесори и Xe графиката.