Австралиски научници откриле дека отровот од пчели ги уништува агресивните клетки на рак на дојка во лабораториски услови, пренесува BBC.
Отровот и соединението мелитин кое го содржи, користен е против два вида на карцином кои инаку тешко се лекуваат.
Отровот од пчели има антиканцерогени својства и кај други видови карцином, како меланом.
Студијата од инситутот за медицински истражувања „Хари Перкинс“ е објавена во магазинот „Nature Precision Oncology“.
Утврдено е дека екстрактите од пчели се исклучително моќни, рекла Кјара Дафи, 25-годишен научник, која ја водела студијата.
Тестиран е отров на преку 300 медоносни пчели и бумбари. Утврдено е дека одредена концентрација на отров ги убива клетките на ракот во рок од еден час, со минимално оштетување на другите клетки. Исто така, утврдено е дека токсичноста на отровот се зголемува при други дози.
Ракот на дојка е најчест тип на рак кој ги погодува жените ширум светот.
Иако постојат многу хемиски соединенија кои во лабораториски услови можат да се борат против клетките на ракот, научниците велат дека малкумина од нив можат да се произведат како лек.
Извор: B92.net
Поврзани артикли