Xiaomi најави дека ќе претстави 5G телефон што ќе чини под 300 евра, подоцна во текот на септември. Уредот ќе биде дел од Mi 10 семејството, а ќе го покренува целосно нов чипсет од Snapdragon 700 серијата.
Моментно, Snapdragon 765/768 се единствените модели од 700 серијата што имаат 5G поддршка, но наскоро тоа ќе се промени.
Засега нема премногу детали, а повеќе би можело да бие познато во следните недели – претстојниот смартфон би можел да биде еден од најевтините што нудат поддршка за 5G конекција.
We're going to launch a new 5G smartphone this September and it will start from €2XX!
As a new member of our #Mi10 Series, it will be the first to feature an upcoming brand-new @Qualcomm Snapdragon 7-Series 5G Mobile Platform. Amazing value for money to allow #5GForEveryone! pic.twitter.com/yR3r0cEOmZ
— Xiaomi (@Xiaomi) September 1, 2020
Тизерот пристигнува од глобалниот Xiaomi профил на Twitter, што значи дека телефонот ќе биде достапен на пазарите во Европа и другите региони кои имаат 5G покриеност.