Можете ли да замислите само еден ден без струја? Без разлика дали сте на работа, дома, на училиште, на факултет, користењето на електрична енергија е секојдневие. Се користи за греење, ладење, готвење, осветлување, транспорт и многу повеќе.

Сепак, начинот на кој се користи енергијата има огромно влијание врз животната средина и животот во целост. Важноста на оваа тема не опфаќа само исклучување на уредите кога не ги користиме, туку и користењето на апарати што заштедуваат енергија, односно се енергетски ефикасни.

Од 1998 година наваму, 5 март се одбележува како Светски ден на енергетската ефикасност и по тој повод НЕПТУН Македонија сака да ја потенцира важноста од користење на енергетски ефикасни уреди што заштедуваат пари и енергија.

Најважната цел на одбележувањето на овој датум е да се подигне свеста за неопходното намалување на потрошувачката на електрична енергија и нејзиното рационално користење.

Имено, бројни истражувања покажуваат дека апаратите за домаќинство се најголемите потрошувачи, односно трошат 1/5 од вкупната електрична енергија на едно просечно домаќинство годишно.

Сепак, без да се намалува нивната употреба, значителни заштеди може да се постигнат со уреди од повисока енергетска класа, согласно новата ЕУ регулатива за промена во опсегот на енергетските класи. Водејќи се од бенефитот за своите потрошувачи, НЕПТУН Македонија се издвојува како лидер на пазарот во презентирање на апаратите за домаќинство според новите регулаторни стандарди, каде новиот опсег на енергетска класа се класифицира од A (највисока класа) до E (најниска класа).

Затоа, доколку размислувате да купите нов апарат за домаќинство, препорачливо е да изберете модел од повисока енергетска класа, кој освен што ќе ви помогне во значително намалување на сметките за електрична енергија, дополнително ќе влијае и на намалување во користењето на фосилните горива, унапредувајќи го квалитетот на воздухот и приближувајќи се до глобалните цели за одржлив развој, вклучувајќи ги и оние поврзани со климатските промени.

Во таа смисла, иако првичната инвестиција во енергетски ефикасни уреди може да изгледа поголема, вкупните придобивки за домаќинството, бизнисот, индустријата и за земјата воопшто, се неспоредливи на долг рок. НЕПТУН Македонија сака да ги едуцира сите заинтересирани за нови уреди, внимателно да ги проучуваат енергетските ознаки или да побараат асистенција од продажниот персонал за носење подобри и информирани одлуки.