Компанијата SpaceX синоќа соопшти за успешен старт на товарната ракета Falcon 9 од ’Ртот Канаверал, во близина на вселенскиот центар „Кенеди“, Флорида.
Се прецизира дека ракетата изнесе на орбитата аргентински сателит „САОКОМ“ за сондирање на Земјата.
– Стартот на товарната ракета се случи во 19:18 часот по источноамерикаско време на САД од космодромот на ‘Ртот Канаверал. Лансирањето користи повеќекратен прв степен на Falcon 9, соопштија од компанијата.