Се појавија нови информации, кои доколку се вистинити, би требало да знаќат дека многу брзо ќе дознаеме се за фамозната Sony PlayStation 5 конзола. Имено, се очекува дека на 9. септември ќе се одржи презентација на која ќе биде откриено се – хардверот, корисничкиот интерфејс, датумот на појавување, игрите за PS5, со еден збор, се што треба да знаете за новата конзола.
Многу работи веќе се знаат за наследникот на популарното PlayStation семејство на играчки конзоли, но ова ќе биде манифестација на која се што треба да се знае за новата платформа, ќе биде претставено заедно, и што е доста важно, од официјалните лица на самата компанија. Не се очекува самата конзола да стане достапна на истиот ден – напротив, таа веројатно ќе пристигне дури кон крајот на годината, таман за празничната сезона.
Играчите секако ќе сакаат да дознаат дополнителни информации за хардверот на конзолата, да видат како ќе изгледа корисничкиот интерфејс, но и дознаат повеќе информации за самите игри, кои би требало да бидат поента на сето ова. На списокот на игрите кои би требало да бидат најавени се: Spider-Man: Miles Morales, Ratchet & Clank, Gran Turismo 7, Demon’s Souls, Godfall и Returnal, додека ќе биде прикажан и трејлерот за Horizon: Forbidden West.
Поврзани артикли