Ако може да и се верува на британска експертка, самите сме виновни за појавата и ширењето на сè поопасниот и посмртоносен вирус.
Британската експертка Сара Гилберт која што го предводела истражувањето за вакцината против Ковид-19 на Универзитетот во Оксфорд, предупредува на зголемен ризик од епидемијата на заразните болести кои што се шират од животните на луѓето.
Гилберт нагласува дека човечката активноста е главен покренувач на таа закана и додава дека ризикот нема да се намали, туку ќе продолжи заедно со глобализацијата во иднина.
„Поголема густина на населението, повеќе патувања, сечење на шумите – сите тие работи прават да има појава на нови епидемии кои што потоа се шират понатаму низ светот“ – вели Гилберт.
„Поради начинот на кој што работите се одвиваат во светот, очигледно е дека таквите инфекции ќе предизвикуваат поголеми епидемии во иднина“, вели Гилберт.
Поголемиот дел од научниците се согласни во тоа, дека коронавирусот на човекот премина од лилјакот, веројатно по пат на пазарот во Вухан.
И другите смртоносни вируси, како САРС, ебола и вирусот западен Нил, исто така од животните преминаа на човекот.
Предупредувањето на Гилберт пристигнува во моментот кога наводно се појави мутиран вид на коронавирусот во Индонезија, Сингапур и Малезија и за кој се верува дека е 10 пати позаразен од оригиналниот вид SARS-CoV-2.
Вакцината која што ја развива Универзитетот Оксфорд, ги чека резултатите од третата фаза на тестирањето, а доколку се докаже нејзината ефикасност, научниците од Оксфорд се надеваат дека истата би можела да биде широко достапна до крајот на оваа година.