Во Инополис, најмладиот град на Русија, се појави првиот робот-курир.

Снимки со новото чудо на технологијата започнаа да се појавуваат на социјалните мрежи. Прес-службата на компанијата „Јандекс“ потврди на дописникот на „Росијскаја газета“ дека роботот навистина веќе се движи по улиците на Инополис. Тешко е да се каже што ќе прави и какви функции ќе извршува. „Тој сé уште се навикнува на новиот град. Сите детали претстојат“.

Роботот е целосно автономен и самиот си ги планира движењата, ја следи околината и избегнува пречки. Неговата маршрута може да се состои од неколку километри, а тој се движи само по тротоарите.

View this post on Instagram

Будущий курьер ?

A post shared by Разиля Залялова (@raziliazalialova) on

Оваа пролет „Јандекс-Ровер“ се појави на улиците на Сколково и ѝ помогна на администрацијата со испорака на документи и пакети во реонот. Инополис е исто така едно од местата каде компанијата ги тестира своите разработки во сферата на беспилотните превозни средства. Имено, токму таму денеска можете да видите такси без возач.

Извор: Russia Beyond