Се појавија наводни деталнио спецификации од претстојниот iPhone 12 Pro Max, а дојавувачот објави серија скриншотови кои ги споредуваат iPhone 12 Pro Max и iPhone 11 Pro Max.
Дојавувачот со псевдоним Leaks, на Twitter ги објави наводните спецификации на iPhone 12 Pro Max моделот, но бидејќи се работи за непроверени информации потребно е да се земат со доза на резерва.
Скриншотовите сугерираат дека iPhone 12 Pro Max ќе има 6,7-инчен OLED дисплеј (наспроти 6,5-инчниот на iPhone 11 Pro Max моделот), со повисока резолуција од 1284 x 2788 пиксели и густина на пиксели од 460ppi. Дисплејот би требало да има освежување од 120Hz.
Телефонот би требало да го покренува и новиот A14 Bionic чипсет, со Neural Engine од четвртата генерација. На задната страна се очекуваат три камери, со 16MP главен сензор, како и ултрашироки и телефото сензори. Системот на камери ќе има и LiDAR сензор, кој би требало да помогне во овозможување на новите AR (augmented reality) искуства.
Се споменува и дека iPhone 12 Pro Max би можел да има батерија со најдолг век на траење во iPhone линијата, а се очекува дека ќе трае два часа подолго отколлу батеријата на iPhone 11 Pro Max моделот.
Еден од скриншотовите сугерира дека iPhone 12 Pro Max на пазарот ќе биде достапен по цена од 1099 долари, што е идентично на цената на постоечкиот Phone 11 Pro Max телефон.