Компанијата DJI ја прошири својата понуда на „моторизирани“ видеостабилизатори за мобилни телефони и го претстави Osmo Mobile 4 гимбалот.
OM4 го задржа истиот преклопен дизајн како и неговиот претходник, но сега доаѓа со две магнетни компоненти за монтирање, кои овозможуваат брзо спојување и одвојување на смартфонот од гимбалот. Една се користи како „фаќалка“ која се става околу смартфонот, а другата на задната страна на уредот и може да се користи и како прстен за подобар грип при користење со една рака.
Meet DJI OM 4.
Magnetic, foldable, and ultra-compact, OM 4 complements your smartphone perfectly, providing incredibly smooth footage.
Simply snap it on and start creating magnetic moments right away!Learn More: https://t.co/rDoUuEYnIE pic.twitter.com/DOJBAF8ppL
— DJI (@DJIGlobal) August 26, 2020
Освен преклопниот дизајн, новиот модел го задржа и интуитивниот распоред на копчиња и истата батерија која трае 15 часа. Исто така, полесен е и помал од моделот Osmo Mobile 3 и пристигнува со унапредени моторчиња, иако ни претходникот немаше проблеми со поголемите и потешки телефони како што се iPhone 11 Pro Max или Galaxy Note.
OM4 има подобрен софтвер, но и некои нови можности. Тука е сега Dynamic Zoom претходно познат како dolly zoom, кој работи така што дигитално го зумира објектот додека корисникот заминува, а спротивно функционира кога корисникот му приоѓа на објектот.
Поврзани артикли