Индиски научници откриле дека витаминот B12 е во состојба да го блокира размножувањето на коронавирусот, а резултатите од истражувањето се објавени во списанието IUBMB Life.
Користејќи компјутерско моделирање, научниците успеале да утврдат кои молекули содржани во природни производи и лекови можат да го потиснат дејството на nsp12, кој е содржан во геномот на SARS-Cov-2 и е одговорен за размножување на вирусот.
Се покажало дека метилкобаламинот, еден од двата биолошки активни коензимни форми на витаминот B12, поседува способност да го запре размножувањето на вирусните клетки.
Оваа супстанца може да се препише како превенција за ризичните групи како медицинскиот персонал, старите лица или лицата со хронични болести, за да се намали ризикот од зараза и потребата од итна помош во болница.
Научниците истакнаа дека се потребни дополнителни истражувања за да се направат промени во протоколот за лекување од COVID-19.