Galaxy Unpacked настанот на Samsung, кој беше одржан на 5. август, изгледа нема да биде единствен оваа година, бидејќи јужнокорејската компанија сега најави дека деталите за новите Galaxy уреди ќе ги објави на 1. септември, во рамките на вториот дел на Unpacked.
Јужнокорејската компанија ова го најави преку постер, а ѕвезда на новата презентација ќе биде флексибилниотуред Galaxy Z Fold2, кој е најавен во текот на претходниот Unpacked, но не се објавени сите детали на уредот.
Досега веќе имавме голем број протечени вести и фотографии за Galaxy Z Fold2 флексибилниот телефон, а ни останува тоа да биде официјализирано, како и да ја дознаеме цената и достапноста на смартфонот.