Според новите информации на сајтот Android Central, следниот буџетски телефон на компанијата OnePlus го носи кодното име Clover и се очекува да биде во ценовен ранг од околу 200 долари. Што е најбитно, смартфонот ќе биде достапен глобално.
Извештајот укажува и на главните карактеристики на телефоно, кои вклучуваат 6.52-inčni HD+ дисплеј, Snapdragon 460 чипсет, 4GB RAM и 64GB простор за складирање, како и 6000mAh батерија со поддршка за 18W полнење. Телефонот ќе има и 13MP главна камера на задната страна, заедно со два 2MP сензора.
За софтверска поддршка ќе биде задолжен Android 10 со OxygenOS 10. Останатите битни карактеристики на телефонот вклучуваат сензор за отпечатоци од прсти и приклучок за слушалки.
Се уште нема информации за објава на оваа подостапна верзија на OnePlus телефонот, а повеќе детали се очекуваат во следниот период.
Поврзани артикли