Realme на 1. септември во Кина ќе одржи презентација, во текот на која ќе ја претстави новата X7 серија паметни телефони, а два дена подоцна ќе ги објави Realme 7 и Realme 7 Pro во Индија.
Компанијата ја промовира Realme 7 серијата под слоганот „Capture Sharper. Charge Faster“, што укажува на 64MP камера од втората генерација и 65W SuperDart опција на полнење за телефоните.
Realme 7 и 7 Pro најверојатно ќе имаат четирикратен систем на камери на задната страна, со 64MP главен сензор, но не е целосно познато дали и стандардниот Realme 5 ќе поддржува 65W полнење.
Realme се уште не ги објави комплетните спецификации на уредот, но го потврди punch-hole дисплејот (веројатно само за Realme 7) и сензор за отпечатоци од прсти под екранот (веројатно само за Realme 7 Pro).
Поврзани артикли