Studio CD Projekt ја најави новата видео игра The Witcher: Monster Slayer, која е многу слична на играта Pokemon Go.
Играта ја разви познатиот програмер Spokko, кој го основаше CD Projekt во 2018-та година за да развива видео игри за мобилни телефони.
Исто како и Pokemon Go и Harry Poter Wizards Unite, новата видео игра Monster Slayer ќе ја користи локацијата на корисниците за играње. Корисникот ќе ја истражува околината и ќе се бори против чудовишта во AR опкружување.
Системот на борба не е многу поинаков од тој што гејмерите веќе го научија играјќи ги сличните игри. Играчите ќе мора да го тренираат својот лик, да прават напитоци, бомби и да ја изберат соодветната опрема за да ги поразат чудовиштата.
Засега не е познато кога оваа игра ќе биде достапна.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли