Извештај од порано сугерираше дека iPhone 12 може, но и не мора да има 120Hz дисплеј. Иако Apple успеа да обезбеди 120Hz панели, според тогашните наводи, компанијата имала проблем да креира доволно залихи на IC драјвери, што би довело или до одложување на објавата на iPhone 12 Pro моделите или до тоа споменатата стапка на освежување во целост да се отфрли.

Сега благодарение на протечените скриншотови, кои ги објави Џон Просер, изгледа дека споменатите гласини би можеле да бидат вистинити. Откриените скриншотови наводно покажување опција за подесување на дисплејот за iPhone 12 Pro, каде на корисниците наводно им е дадена опција за вклучување на 120Hz освежување на екранот. Функцијата му дава на корисникот избор за вклучување или исклучување на споменатото подесување на освежувањето.

Покрај тоа, на корисникот му се нуди и опција за менување на прилагодливиот дисплеј во зависност од апликацијата или ситуацијата, па екранот на iPhone 12 Pro може да се менува помеѓу 60Hz и 120Hz. Причината за давање на ваквата опција на корисниците е зачувување на траење на батеријата, со оглед на тоа што повисоките стапки на освежување повеќе ги трошат батериите.

Ова секако не потврдува дека 120Hz освежувањето дефинитивно пристигнува на iPhone 12 серијата, но останува да се види како Apple ќе успее да ги преброди проблемите со кои се соочува.