Јужнокорејската компанија LG одамна ги обелодени своите планови за 5G телефоните наменети за средниот сегмент на пазарот. Сега компанијата го објави моделот Q92 5G, кој претставува подостапна верзија на LG Velvet. Како и Velvet моделот и Q92 5G го покренува Snapdragon 765G чипсет, со 6GB RAM.
Покрај тоа, смартфонот има и IP68 и MIL-STD-810G стандарди за отпорност на вода и прашина. Кога се во прашање камерите, LG Q92 5G на задната страна има 48MP главен сензор, 8MP ултраширока камера, 2MP макро и 5MP сензор за длабочина.
Дисплејот на телефонот има дијагонала од 6,67 инчи и во прашање е LCD панел. Резолуцијата е FHD+, а тука е и 32MP селфи камера сместена во punch-hole отвор. Сето ова го напојува батерија од 4500mAh, со поддршка за 15W полнење. Уредот користи LG UX9 кориснички интерфејс преку Android 10.
LG Q92 5G ќе биде достапен во верзија со 6GB RAM и 128GB простор за складирање, по цена од околу 420 долари. Продажбата во Јужна Кореја почнува од 26. август, а засега нема информации за глобалната достапност на уредот.
Поврзани артикли