Нашето Сонце имало близнак, а Сончевиот систем можеби крие уште многу неоткриени џуџести планети, покажало новото истражување што што го спровеле научниците од Универзитетот Харвард.
Истражувањето кое што неодамна било објавено во научното списание „The Astrophysical Journal Latters“, го застапува размислувањето кое што е спротивно на општоприфатеното за Сонцето – како единствена ѕвезда во нашиот состав.
Оваа радикална теорија ја поставиле професор д-р Ави Лоеб и студентот Амир Сирај од Универзитетот Харвард.
Во неа се утврдува дека Сончевиот систем некогаш одамна бил бинарен ѕвезден систем, односно дека се состоел од две ѕвезди.
„Поголемиот дел од ѕвездите како Сонцето, родени се како бинарен пар“ – вели Сирај.
Ѕвездите се формираат од облак прашина и гас во вселената. Тие не се формираат сами, туку во поголем број, пред да се распрскаат во вселената.
Таков е и случајот со нашето Сонце, а Лоеб и Сирај веруваат дека станувало збор за ѕвезда со маса слична на Сонцето.
Таа ѕвезда сега може да се наоѓа било каде во нашата галаксија.
Каде се наоѓа доказот за „второто Сонце“?
„Бинарните состави се многу потешки за истражување од поединечни ѕвезди. Доколку Оортовиот облак се формирал онаков каков што денес го гледаме, тоа сугерира дека Сонцето навистина имало близнак со слична маса, кој што бил изгубен пред Сонцето да го напушти своето ѕвездено гнездо“ – вели Сирај.
Постои уште една теорија за ”второто Сонце”, станува збор за т.н. Деветта планета.
Нивното истражување предвидува постоење на дополнителна планета која што се крие во надворешниот дел од Сончевиот систем.
Тие исто така предложуваат теоријата за ”второто Сонце” да биде истражена, користејќи ја опсерваторијата „VRO“, чие 10-годишно набљудување на небото треба да почне во 2021-та година и кое што ќе може да ја потврди или пак отфрли теоријата за Деветтата планета или пак за црната дупка во внатрешноста на Сончевиот систем.