Досега, во Џорџија, САД, каде што е активен овој пилот-проект, се инсталирани околу 150 од овие системи.
Компаниите Autotalks и Applied Information од Израел и Соединетите држави развиле систем на паметни семафори, кои имаат можност да го вклучат зеленото светло кога возилата за итна помош, амбулантни возила, пожарна или полиција минуваат низ раскрсниците.
Системот работи безжично и е прилично едноставен. Имено, кога специјалните возила се приближуваат до семафорот, возачот активира специјален уред кој издава команда до модулот во семафорот за да го вклучи зеленото светло, односно црвеното за сите други насоки. Така, на возилата за итни случаи им се обезбедува побрз и побезбеден начин до местото на несреќата.
Компаниите кои го развиле системот, планираат натамошни подобрувања и проширување, со цел намалување на опасните ситуации на раскрсниците.
Којзнае, можеби еден ден ќе го видиме овој систем и на нашите патишта…