Internet Explorer и Edge Legacy полека, но сигурно се приближуваат до својот крај.
Компанијата Microsoft најави конечен крај за веб прегледниците Internet Explorer и Edge Legacy, а тоа ќе се случи следната година. Плановите за постепено укинување дефинитивно се ближат до својата реализација.
Крајот за Edge Legacy ќе биде на 9. март, 2021. година и ќе го замени далеку посупериорниот Edge Chromium, додека Microsoft 365 апликациите ќе ја финишираат поддршката за Internet Explorer 11 на 17. август, 2021. година.
Откако ќе поминат овие рокови, корисниците на неподржаните браузери ќе имаат „ограничено искуство“, новите Microsoft 365 можности ќе бидат недостапни, а постоечките можности на веб апликацијата ќе бидат оневозможени.
Internet Explorer долго време е предмет на измевање во технолошката заедница поради неговата брзина и лошото корисничко искуство. Репутацијата му почна да се намалува, како и уделот на пазарот кој сега изнесува 1,28 отсто, а додека беше на врвот изнесуваше 95 проценти. Легендарниот веб прегледник првобитно се појави во 1995. година.
Поврзани артикли