Google на својот блог постави информации кои се однесуваат на големото освежување на Google Maps сервисот. Во текот на изминатите неколку години, Google константно го унапредуваше овој популарен сервис и додаваше голем број корисни информации, како и разни можности со акцент на практичната примена, како информации за сообраќајот, јавниот превоз, интересни содржини кои е можно да се пронајдат во околината итн.
Интересно е дека новиот апдејт ќе фокусира токму на – самите мапи. Имено, Google уфрли нов алгоритам на мапирање за поадекватно да ги репрезентира различните терени и географски карактеристики. Резултатот е „поразбирлива, пожива мапа на теренот која е покорисна за општи примени и повеќе во согласност со класичните географски мапи“.
Со други зборови, Google Maps сега далеку повеќе ќе личат на географски мапи, со повеќе репрезентирани детали, како што се зелените површини, плажи и пусти области, со поизразено синили на океаните, морињата, реките и езерата. Истовремено, подобро ќе бидат репрезентирани и надморските височини. Google тврди дека сите многу јасно ќе ја воочат помената на подобро, без оглед дали нивниот фокус е на густата мапа на населениот голем град или на слабо населените рурални подрачја. Ова е посебно интересно, бидејќи на жителите на таквите подрачја м се битни поинакви информации од мапите.