Секогаш кога ќе се создаде некој проблем на пазарот, се појавуваат и оние кои се обидуваат да профитираат од истиот.

Како што веќе е познато, компанијата Apple ја отстрани видео играта Fortnite од својата понуда, па така сега App Store е посиромашен за ова остварување.

Ваквиот потег следува откако компанијата Epic одлучи да се обиде да ги „заобиколи“ правилата и да не им плати 30% од заработката, што е услов кога една апликација се поставува на App Store. Тие кои веќе ја презеле популарната видео игра можат да продолжат со нејзино играње, но нема да можат да пристапат до нова содржина во иднина.

За жал, оние кои имаат iPhone, а ја немаат инсталирано Fortnite ќе мора да почекаат да се реши овој проблем, но ако имате вишок пари на вашата сметка, секогаш постои решение. Некои сопственици на iPhone уред кои ја имаат инсталирано Fortnite одлучиле да профитираат со тоа што ги огласиле своите телефони на eBay.

Така, цените на телефони кои ја имаат инсталирано играта се движат и до 10.000 долари. Но, ваквата ситуација не е нова – ист беше случајот и со Flappy Bird кога оваа апликација беше отстранета.

Станува збор за секако, огромна сума на пари за било каков мобилен телефон, а уште повеќе за видео игра, но кој знае – можеби ќе се најдат купувачи.

Извор: B92.net