На сајтот на Alibaba се појавија рендери кои наводно го прикажуваат можниот дизајн на Sony Xperia 5 II теелфонот. Фотографиите покажуваат уред кој доста потсетува на Xperia 1 II, со тоа што е помал, а има препознатлив 21:9 однос на страници и класични рамки. Од страна на рамката се наоѓа сензор за отпечатоци од прсти, додека во горната рамка има 3,5 мм приклучок.
На задната страна на уредот се наоѓа систем со три камери, кој делува како да е позајмен директно од Sony премиум телефоните. Тоа го вклучува и ZEISS T* брендирање. Меѓутоа, доколку фотографиите навистина го прикажуваат Sony Xperia 5 II, телефонот нема да има LED блиц. Помеѓу камерите се наоѓа 3D ToF сензор, додека вистинскиоѕ блиц и (RGB сензор) би требало да биде сместен над камерите, но тука го нема.
Ова е практично распоред сличен на оној кој го имаше и Xperia 1 II, како што може да се види на фотографијата подолу.
Поврзани артикли