На интернет се објавени нови фотографии од претстојниот смартфон на Samsung, Galaxy Z Fold 2, кои открија некои нови детали.
Овој пат се гледаат задната и бочната страна, вклучувајќи го и модулот за камерите. Фотографиите потврдуваат дека модулот на камерата изгледа идентично како оној на Galaxy Note 20, само без вертикално овалниот дел под блицот кој е присутен на Galaxy Note 20 Ultra, во кој се наоѓа новиот ласерски автофокус.
Модулот на камерата е прилично истакнат, односно испапчен.
Galaxy Z Fold 2 ќе има 6,2-инчен екран, што е значително повеќе во однос на 4,6-инчниот дисплеј на првиот модел. Ќе го напојува батерија од 4.500 mAh, а ќе поддржува и 5G мрежа. Samsung ја редизајнираше и шарката која овозможува преклопување на уредот.

Повеќе за Galaxy Fold 2 ќе знаеме на 1. септември, кога Samsung ќе го одржи својот најавен настан.