Опсерваторијата Arecibo во Порторико е позната по скенирање на вселената во потрага по астероиди и вонземски живот, но оваа недела престана со функција по разорната несреќа во која дојде до оштетување на телескопот.

Универзитетот Централна Флорида објави соопштение во кое наведе дека телескопот е уништен по пад на метален кабел, пишува Live Science.

„Имаме тим експерти кој ја проценува ситуацијата“, наведе директорот Франциско Кордова. „Нашиот фокус е безбедноста на вработените, заштита на објектот и опремата како и враќање на телескопот во функција што побргу, така што повторно ќе им помага на научниците низ светот“.

Arecibo започна со работа во 1963 година од дното на природна јама во Порторико. Во времето кога беше завршен, тоа беше најголемиот телескоп со пречник од 305 метри.

Можеби телескопот не го знаете по име, но познаете е благодарение по филмот „Contact“ од 1997 година.

Започната е истрага за овој немил настан.

Извор: B92.net