Гордан Лауц, хрватски научник и член на Научното собрание на Владата на Република Хрватска, вчера објавил важна вест поврзана со коронавирусот.
Објаснил дека тоа се позитивни вести и дека, како што вели, “многу важно истражување било спроведено на Шведскиот институт Каролинска”, кое било објавено во угледното списание “Cell”.
“Истражувањето е спроведено на релативно мал број испитаници (206), па истото веројатно треба да се повтори пред да бидеме сосема сигурни, но резултатите се многу охрабрувачки. Резултатите на ова истражување покажале дека луѓето кои се заразиле со Ковид-19 со многу лесни или никакви симптоми , развиваат таканаречени “SARS-CoV-2″ специфични Т клетки. Т клетките се значаен елемент на нашиот имунолошки систем и помагаат во борбата против вирусот, што значи дека и луѓето кои ги имаат во мал број се можеби целосно заштитени од вирусот”, напишал Лауц.
“Ова е многу важна информација, посебно во моменталната ситуација кога вирусот се шири во Европа без поголеми последици по здравјето, односно кога имаме многу мал број на сериозно болни луѓе. Тоа значи дека фактот дека вирусот сега се шири не е лоша, туку е всушност добра вест и на тоа можеме да гледаме како на облик на природна вакцинација, што ќе ја олесни работата на есен кога ќе се врати потешкиот, зимски Ковид-19”, рекол Лауц.
Конечно, локалниот научник напишал дека не треба во целост да бидеме опуштени и дека луѓето кои припаѓаат во ризичните групи треба да ја почекаат вакцината.