Facebook објави дека во вториот квартал од 2020 година поради споделување на лажни информации за новиот коронавирус, вклучително и промовирани лажни превентивни мерки и лекови, отстранети се вкупно седум милиони објави.
Податоците се објавени во склоп на шестиот извештај за почитување на стандардите за однесување на социјалната мрежа, воведен на 2018 година со строги правила за пристојност, по критиките дека компанијата е блага во контролирањето содржини.
Facebook истакна дека ќе повика независни експерти за проверка на извештаите, почнувајќи од 2021 година.
Во новиот извештај стои дека Facebook отстранил околу 22,5 милиони постови со говор за омраза во вториот квартал од годината. Во првиот такви објави имало 9,6 милиони.
Избришани се 8,7 милиони постови поврзани со екстремистички организации, во однос на 6,3 милиони претходно.
Извор: Aljazeera.net