Автомобилот наречен Aviar R67, сопственост на руската компанија Aviar Motors беше најавен уште во 2018 година. Автомобилот всушност е електрифицирана верзија на Ford Mustang Setback
Автомобилот наречен Aviar R67, сопственост на руската компанија Aviar Motors беше најавен уште во 2018 година. Автомобилот всушност е електрифицирана верзија на Ford Mustang Setback.
Од фотографиите може да се види и дека изгледот е некако во ретро стил, но со модерен електричен погон. Моделот ќе ја користи истата платформа како и Tesla Model S, иато како и батериите од Tesla од 100 kWh односно два електрични мотори со 840 КС и 965 Nm.
Од 0 до 100 km/h ова ретроЕВ пристигнува за само 2,2 секунди, додека најголемата брзина што може да ја развие е 250 km/h. Со едно полнење на батеријата може да достигне до 507 километри.
Автомобилот ќе има каросерија изработена од лесни композитни материјали, елементи од карбон-влакна, како и модерен ентериер со дигитални инструменти, трикрак волан и голем централно поставен екран на допир.
Поврзани артикли