Научниците од НАСА соработувале со своите колеги од Опсерваторијата во Сингапур, за со помош на сателитски податоци да ја проценат штетата која ја нанела експлозијата, која на 4-ти август го опустошила главниот град на Либан.
Според изјавите објавени на официјална веб страна на НАСА, “податоците на синтетскиот радар од вселената ги покажуваат промените на површината на земјата пред и по големи катастрофи како земјотреси”, а во овој конкретен случај “се користат за прикажување на разорните резултати од експлозијата”, пишува “Sputnik”.
На мапата секој обоен пиксел претставува “површина од 30 метри”, со црвени пиксели се обележани подрачјата кои претрпеле најголема штета, со портокалово се обележани “умерено оштетените подрачја”, додека “подрачјата обоени со жолто” претрпеле помала штета.
#NASA’s ARIA team in collab. with the EOS used satellite data to map the extent of damage following a massive explosion in Beirut
Dark red pixels represent the most severe damage areas
Orange=moderately damaged
Yellow=sustained somewhat less damage Each colored pixel=area of 30m pic.twitter.com/wqkGi2OSWC— Dr.Sabine kik (@KikSabine) August 8, 2020
“Мапата содржи податоци кои ги обработува “ESA” (Европската вселенска агенција), а ги анализирале научниците на НАСА и Опсерваторијата во Сингапур”, додаваат од американската вселенска агенција, нагласувајќи дека таквите мапи “ќе помогнат да се идентификуваат тешко оштети подрачја кои се приоритет за праќање на помош”.
Силната експлозија на 4-ти август го уништила пристаништето во Бејрут и оштетила бројни згради во градот. Притоа животот го загубиле повеќе од 150 луѓе, а повредени биле околу 5.000.
Според наводите на властите, експлозијата ја предизвикале 2.750 тони амониум нитрат, кои со години биле чувани во складиштето на пристаништето.
Извор: Srbija Danas