Само неколку недели откако претрпе сериозен хакерски напад, кога се откри дека вработените се најслабата алка во безбедноста, Twitter објави уште една загрижувачка вест.

Компанијата посебно ќе ги информира оние корисници кои се загрозени, пишува порталот itmagazin.

Имено, објавено е дека постои безбедносен пропуст што може, потенцијално, да ги изложи приватните податоци на некои корисници на Android. Поточно, апликациите од трети страни би можеле да ги заобиколат правилата за безбедност на Android преку апликацијата Тwitter и да гледаат приватни пораки што корисниците ги разменувале со други корисници на оваа социјална мрежа.

Twitter истакна и дека засега нема докази дека тоа навистина се случило.

Безбедносниот недостаток е веќе решен за корисниците кои ги употребуваат верзиите 8 и 9 на Android, што би значело дека 96% од корисниците се заштитени. Другите четири проценти треба да ги ажурираат своите апликации за паметни телефони што е можно поскоро. Тие ќе бидат посебно информирани од Тwitter и ќе добијат инструкции за понатамошните чекори.

Извор: B92.net