Јапонскиот технолошки гигант Toshiba го продаде последниот удел во својата филијала за производство на лаптопи и компјутери „Динабук“, што значи дека веќе нема да ги произведува.
Компанијата Sharp во 2018 година купи 80% од филијалата на Toshiba за 36 милиони долари и сега го презеде и преостанатиот удел.
Првиот лаптоп на Toshiba произведен во 1985 година беше „T1100“ и тежел четири килограми. Работел со „флопи“ диск.
Toshiba продаде повеќе од 17 милиони компјутери во 2011 година, но продажбата падна на 1,9 милиони до 2017 година. Во текот на 2016 година, Toshiba веќе не произведуваше лаптопи за европскиот пазар и вниманието беше насочено кон делови за компаниите.
Поврзани артикли