Philips се подготвува да ја прошири својата линија бизнис монитори, преку два физички слични, 27-инчни модела. Сепак, овие монитори се разликуваат по спецификациите, вклучувајќи ги панелите, опциите за конекции и технологиите кои ги нудат.
Philips 279P1 користи 4K, 10-bitni IPS панел, со 60Hz стапка на освежување и 4ms GtG одзив. Мониторот има 1000:1 контраст, осветлување од 350 нита, агли на гледање од 178 степени. Покриеноста на боите вклучува 103% за NTSC и 122% за sRGB спектарот.
Моделот Philips 276B1 има QHD IPS панел со 75Hz освежување со 4ms GtG одзив. Овој монитор има 8-битен панел, 300 нита осветлување, но поддржува Adaptive Sync. Аглите на гледање остануваат од 178 степени, контрастот е 1000:1, а покриеноста на боите е 110% за NTSC и 123% за sRGB спектар.
Двата монитора имаат TUV Eye Comfort сертификат за намалување на заморот на очите, благодарение на Flicker-Free и LowBlue Mode опциите. Тука е и LightSensor технологијата за автоматско подесување на перфектното осветлување со минимална потрошувачка.