Xiaomi потврди дека на 11. август ќе ги претстави Xiaomi Mi 10 Ultra и Redmi K30 Ultra. Сега се појавија неколку информации за варијантите и рендерите на Xiaomi Mi 10 Ultra моделот.
Рендерите го покажуваат телефонот со закривен дисплеј и punch-hole дизајн. Задниот дел на уредот има долг систем со камери, кој вклучува перископ камера, како и три други сензори. Гласините сугерираат дека главната камера има 48MP сензор, перископ камерата има поддршка за оптичко зумирање со висока дефиниција, додека ултрашироката камера ќе може да креира и микро содржини. Телефонот ќе поддржува и снимање на 8K видео.
Споменатите спецификации вклучуваат и Snapdragon 865 чипсет, LPPDR5 RAM и UFS 3.1 складирање. Тука е и VC течното ладење и 3D спроведување на топлината. Телефонот има и нова генерација на сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката. Остатокот од спецификациите ги сочинуваат Wi-Fi 6 поддршката, линеарните мотори во X оска, стерео звучници, Hi-Res Audio и подобрено препознавање на говор.
Xiaomi Mi 10 Ultra ќе биде достапен со керамичка и проѕирна позадина. Керамичката варијанта би можела да стигне во две опции: 8GB RAM + 256GB складирање и 12GB RAM + 256GB складирање. Транспарентниот модел би можел да има 12GB + 256GB и 16GB RAM + 512GB опции.