Google Play Music е апликација која е претходно инсталирана на уреди со Android, а која корисниците можат да ја користат како стандарден музички плеер или како портал преку кој можат да купат песни и албуми.
Компанијата веќе ги откри своите планови да стави крај на поддршката за Google Play Music и сега официјално потврди дека тоа ќе се случи до крајот на 2020 година.
Суспендирањето на услугата е направено со цел промовирање на друг софтвер на компанијата, имено YouTube Music. Во иднина, ова ќе биде единствениот музички софтвер што Google им го нуди на своите корисници.
Специфичните планови бараат прекинувањето на поддршката да започне во септември од Јужна Африка и Нов Зеланд, а за неколку недели ќе бидат опфатени повеќе земји ширум светот. До крајот на октомври, повеќето земји нема да имаат пристап до Google Play Music.
Музичките колекции ќе бидат активни во профилите до декември, што ќе обезбеди доволно време за архивирање на информациите, пренесува AndroidAuthority.
Поврзани артикли