Било кое средство за дезинфекција го уништува коронавирусот, изјавила вчера директорката на Федералната служба за фитосанитарен надзор во Русија, Ана Попова.
„Секое дезинфекциско средство во одредена концентрација е погубно за овој вирус. Т.е. без оглед со што бришеме, главната работа е да се користи дезинфектант“ – изјавила Попова.
Претходно од службата изјавиле дека Државниот научен центар „Вектор“ ја проучува способноста вирусот да остане активен на површините.
Научниците од „Вектор“ потврдиле дека вирусот е одржлив на различни површини (не’рѓосувачки челик, линолеум, стакло, пластика, ќерамика) подолго од 48 часа и дека неговата способност може да послужи како извор на зараза.
Притоа, третирањето на површината со дезинфекциско средство овоможува таа да се исчисти од вирусните честички за само неколку минути.
Научниците испитале неколку различни дезинфектанти: хлорни соединенија, алкохол, средства на база на кватерни амониумски соединенија и терцијарни амини.
Резултатите покажале дека сите агенси брзо и ефикасно го убиваат вирусот.
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли