Кина соопшти дека нејзиниот глобален сателитски навигациски систем BeiDou-3 сега е целосно оперативен и подготврн да пружи прецизни услуги на позиционирање ширум светот.
Beidou-3 е конкуренција на GPS, GLONASS и Galileо, а информациите за неговото комплетирање стигна откако и последниот сателит беше тестиран во орбитата и претходно оваа недела се придружи на остатокот од мрежата.
Кина го развиваше BeiDou од средината на осумдесеттите години минатиот век, а мрежата постепено „порасна“ на 35 оперативни сателити. Последниот е лансиран на 23. јуни.
Xinhua јавува дека системот веќе се користел во различните области, вклучувајќи го транспортот и агрикултурата. Оваа новинска агенција тврди дека услугите базирани на новиот навигациски систем се користеле во повеќе од 100 земји и региони.