Се очекува дека Xiaomi наскоро ќе ја претстави Plus верзијата на својот Mi 10 Pro телефон, кој би требало да користи оверклокуван Snapdragon 865 чипсет (не 865+). Уредот веќе го видовме на AnTuTu листингот, каде што оствари резултат повисок од било кој друг модел.
Сега реномираниот дојавувач Ice Universe откри уште една карактеристика на претстојниот телефон – Xiaomi Mi 10 Pro+ ќе има GPU кој може да се прилагодува.
Super Leak:Xiaomi Mi10 Pro+ has a unique feature: Game Turbo, a mode developed by Xiaomi and Qualcomm's GPU team, which is unprecedented. You can use it to adjust GPU parameters and modes, including GPU frequency adjustment and so on. pic.twitter.com/Tu609T7Dy9
— Ice universe (@UniverseIce) July 30, 2020
Според наводите од неговиот твит, Xiaomi со Qualcomm работеше на оптимизирање на Mi 10 Pro+ моделот, со контролен панел за GPU во рамките на Game Turbo апликацијата. Оттаму, корисникот ќе може да ги подесува GPU перформансите на различните профили, подесувања и рачните прилагодувања на GPU фреквенциите. Скриншотовите откриваат и anti-aliasing, како и anisotropic/texture filtering.
Xiaomi Mi 10 Pro+ се очекува со 120Hz екран, 108MP главна камера и 4500mAh батерија со поддршка за 120W полнење.