Русија планира да биде првата земја во светот што ќе одобри вакцина против коронавирус. Тие планираат да го сторат тоа за помалку од две недели и покрај загриженоста за нејзината безбедност, ефективност и за тоа дали Русија не пропуштила да направи некои есенцијални делови од нејзиниот развој, пишува Си-ен-ен.
Руските власти изјавија за Си-ен-ен дека вакцината создадена од рускиот институтhttps://usb.mk/wp-admin/edit.php?page=to-interface-post „Гамалеј“ ќе биде одобрена на 10 август или порано.
Вакцината ќе биде одобрена за јавна употреба со акцент на тоа што здравствените работници ќе ја добијат први, изјавија руските власти за американските медиуми.
„Ова е како моментот кога беше лансиран Спутник“, рече Кирил Дмитриев, шеф на рускиот Државен фонд за богатство, кој го финансира истражувањето на вакцината, притоа мислејќи на успешното лансирање на првиот светски сателит во вселената во 1957 година од страна на Советскиот Сојуз.
„Американците беа изненадени кога го слушнаа звукот на Спутник. Истото е и со вакцината. Русија ќе ја има прва“, додаде тој.
Неколку вакцини во моментот се во фаза на тестирање низ целиот свет, а само мал број се меѓу оние кои се покажаа ефикасни на голем примерок. Повеќето научници предупредуваат дека им претстои многу работа додека да бидат одобрени нивните вакцини.